Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Втор фестивал „Вардар филм прикажува македонски филмски класици”

$
0
0
Вовед: 

На вториот фестивал „Вардар филм прикажува македонски филмски класици” кој ќе се одржува од денеска, 21 до 25 ноември во киното „Синеплекс“ во Скопје  ќе бидат прикажани четири играни и пет документарни филмови кои беа создадени под логото на „Вардар филм”...

Содржина: 

Како што соопшти „Вардар филм“, станува збор за дел од најзначајните филмски остварувања создавани во најдобрите и најплодните години на продуцентската куќа „Вардар филм”, од 1950 до 1997 година.

На фестивалската програма се играните филмови: „Фросина“ во режија на Воислав Нановиќ (1952); „Каде по дождот“ на Владан Слијепчевиќ (1967); „Џипси меџик“ на Столе Попов (1997) и „Виза на злото“ во режија на Франце Штиглиц (1959), и документарните филмови: „Дае“ на Столе Попов (1979); „Пула 1956“ во режија на Славко Јаневски (1956); „Радосно детство“ на Благоја Дрнков (1950); „Тенда“ на Ацо Петровски (1955) и „Охрид“ во режија на Киро Билбиловски (1954).

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles