Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Ѓоргоска-Илиевска одликувана со орден на уметности и книжевност на Франција

$
0
0
Вовед: 

Директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија Мими Ѓоргоска-Илиевска е одликувана со орденот „Витез од редот на уметности и книжевноста“ кој го доделува Министерството за култура и комуникации на Република Франција...

Содржина: 

Орденот и е врачен поради нејзините искучителни достигнувања во промоцијата на македонската култура и филмска уметност во глобални рамки, како и за заложбите во промоцијата на француската култура во Македонија.

Одликувањето и го врачи амбасадорот на Франција во Македонија Кристиан Тимоние на свеченост во француската резиденција, истакнувајќи го нејзиниот досегашен придонес во зајакнувањето на културните врски помеѓу Република Франција и Република Македонија, како голем сојузник на француската култура и силен поборник за продлабочувањето на соработката помеѓу двете земји.

Ѓоргоска-Илиевска се заблагодари за честа да биде носител на ова значајно признание, истакнувајќи дека тоа претставува потврда и валоризација на заедничките заложби за афирмација, продлабочување, развивање и размена на културните вредности и дела меѓу Франција и Македонија.

Одликувањето „Витез од редот на уметноста и книжевноста“ е воведено од Андре Малро во 1957 година и е едно од четирите најпрестижни во Франција. Се доделува секоја година и го добиваат заслужни професионалци во Франција и исклучителни личности надвор од Франција.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>