Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Во Штип изложба на дела од Меѓународната Струмичка ликовна колонија

$
0
0
Вовед: 

Делата од 53-та Меѓународна ликовна колонија-Струмица од денеска, 23 ноември, се изложени во Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип

Содржина: 

Директорот на Центарот за култура „Антон Панов“-Струмица, Иван Јовев вели дека штипјани во наредните денови можат да ги видат сликите на 21 ликовен уметник од земјава и странство, кои учествувале во една од најстарите ликовни колонии во земјава и на Балканот.

– На колонијата беа создадени над 60 дела, од кои на изложбата претставени се 28 работени во најразлични техники. Карактеристично за Струмичката ликовна колонија е тоа што им е дадена слободата на уметниците да творат со сите можни техники за творење на едно уметничко дело, вели Јовев.

Тој истакна дека ова е можност и студентите од Академијата за ликовна уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип да ги видат делата од Меѓународната Струмичка ликовна колонија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>