Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Преставата „Народниот мудрец мегу басните“ премиерно во Кочани

$
0
0
Вовед: 

„Народниот мудрец мегу басните“ е трета премиерна престава на Центарот за култура во оваа календарска година и ќе биде дел од репертоарот во наредните десетина дена... 

Содржина: 

На сцената на Националната установа центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа, 22 ноември, премиерно беше изведена претставата „Народниот мудрец меѓу басните“ во драмататизација и адаптација на неколку народни приказни од страна на Силвана Јаневска, која е и режисер на претставата.

Учествуваа членовите на Драмското студио при Центарот за култура од Кочани, чија изведба беше добро прифатена од публиката.

– За добриот прием кај публиката посебен впечаток остави драмската игра на нашите актери кои преставата ја подготвуваа два месеца. Впечаток остави и сценографијата изработена од Венцо Димитров, музиката на Дарко Стојчев и секако маските и костимите кои ги изработија вработените во центарот. Ова беше колективна претстава производ на сите вработени, истакна по преставата Кристина Атанасова Арсова, директорка на Центарот во Кочани.

„Народниот мудрец мегу басните“ е трета премиерна престава на Центарот за култура во оваа календарска година и ќе биде дел од репертоарот во наредните десетина дена. Преставата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија со Програмата за култура за оваа година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>