Вечерва, 26 ноември, во Македонската опера и балет концерт ќе одржи ЗЏМ Џез-оркестарот на Здружението на џез музичари и слободни уметници...
Насловен е „Битлси со Џез-оркестарот на ЗЏМ“ и ќе бидат изведени композиции од „Битлси“ преработени со џез аранжмани на Алан Бејлок, Мајк Кроти и Мајк Холобер.
- На музиката на најпопуларниот поп-рок бенд од 60-тите и 70-тите години тие и даваат еден поинаков и покомплексен призвук. На програмата ќе бидат познати теми, како: Can’t buy me love; Get Back; Hard Day’s Night; Hey Jude; Lady Madonna и многу други, соопшти МОБ ЗЏМ Џез-оркестарот е составен од 17 релативно млади македонски џез музичари со веќе изградени кариери, кои повеќе години музицираат во Македонија и надвор од неа, членувајќи во различни музички состави.
Ова ќе биде нивно прво претставување пред македонската публика во ваков состав. За вечерашниот концерт специјално е повикан австрискиот диригент Сиги Феигл, кој предава на Универзитет за музика и изведувачки уметности во Грац и подолго време работи со биг-бенд состави низ Европа.

