Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Премиера на „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ во Театар Комедија

$
0
0
Вовед: 

Претствата „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ во продукција на „Театар КРИК-Скопје“ во недела, 25 декември, премиерно ќе биде изведена во Театар Комедија...

Содржина: 

Дејствието на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“, помеѓу лекторката Кети-Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. …Тој, маж со неуспешен брак зад себеси, решен – никогаш повеќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура… …Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се мажи на оваа средба, уште истата вечер.

Ваквите контра очекувања, оваа средба ја прават исполнета со многу конфликтни ситуации кои во одредени моменти водат до точка на безизлезност. По пат на гласање публиката ќе одлучува по која од понудените варијанти ќе се гради претставата, така што секоја нова реприза ќе биде по многу сцени поразлична од претходната изведба.

Режијата е на Ѓорѓи Ризески, сценографијата на Роберт Ристов, а костимографијата на Елена Лука. Играат Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ. Продуценти на претставата се Роберт и Мирјана Ристов.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>