Концертот е со наслов „Нови почетоци, а ќе бидат изведени дел од композициите со кои хорот успешно настапи на еден од најсилните натпревари за хорска музика годинава - „Мајски хорски конкурс“ во Варна, Бугарија...
По големата смена на генерации и по успешното продолжување на претставувањето на меѓународната сцена, хорот „Драган Шуплевски“, под диригентство на професор Сашо Татарчевски, ќе ја почести со концерт и публиката во Скопје.
Концертот е со наслов „Нови почетоци“, а ќе бидат изведени дел од композициите со кои хорот успешно настапи на еден од најсилните натпревари за хорска музика годинава - „Мајски хорски конкурс“ во Варна, Бугарија.
На програмата се дела од Деринг, Донато, Да Ролд, Пуланк, Стопфорд, Танев, Дубра, Матсушита, Денев, Јеило, Смит и Шуплевски.
Концертот ќе се одржи на 1ви јуни, со почеток од 20:30 часот во фоајето на Македонската опера и балет.
Влезот е слободен.

