Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Жарко Башески дел од светска изложба по повод 50 години хипереалистична скулптура

$
0
0
Вовед: 

Скулпторот Жарко Башески ќе биде дел од изложбата „Преобликувана реалност, 50 години хипереалистична скулптура“ која што ќе се одржи во Билбао, Мексико и Копенхаген во период од една година...

Содржина: 

Врз основа на избор на околу 30 хиперреалистични скулптури од 24 врвни меѓународни уметници, изложбата „Преобликувана реалност, 50 години хипереалистична скулптура“ ќе го прикаже развојот на човековата фигура во хиперреалистична скулптура во текот на последните 50 години.

Изложбата е ретка можност на едно место (во три музеи во Шпанија, Мексико и Данска) да се видат најзначајните светски уметнички остварувања на столетието. Изборот на скулптури ќе открие пет различни клучни проблеми во претставувањето на фигуративниот реализам, со цел да се нагласи на кој начин ги гледаме нашите тела кои се предмет на постојани промени.

Една од носечките теми на изложбата е наречена „Димензии“. Во рамките на оваа тематска целина ќе бидат претставени дела од уметници кои користат хиперреалистилен начин во претставувањето на човечки фигури.

Изложбите ќе се одржат во три градови во период од една година: 07 јуни – 26 септември 2016 „Museo de BellasArtes de Bilbao“, Билбао 15 октомври 2016 – 08 јануари 2017 „ Museo de Arte Contemporáneo de Monterrey“, Мексико 04 февруари – 06 август 2017 „ ARKEN Museum of Modern Art “, Копенхаген.

Во рамките на овој светски проект ќе бидат изложено делото „Обичен човек“ на Жарко Башески меѓу делата на познатите уметници како што се Рон Мјуик и Сем Џинкс. На оваа изложба се претставуваат најзначајните уметнички дела од хиперреализмот во светот и учеството на еден македонски уметник како што е Жарко Башески претставува високо признание за неговиот творечки дострел.

Интересот на Жарко Башески е свртен кон човекот, па оттука и интересот за хиперреален пристап во обликувањето на концептот на работа, кои во теоретска прикажување го надминува хиперреализамот и кој зборува за животот и светот во кој живееме.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles