Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Годишна конференција на директорите на Националните библиотеки од Европа

$
0
0
Вовед: 

Во Виена, во организација на Австриската национална библиотека, на 30 и 31 мај се одржа 30-та конференција на директорите на Националните библиотеки од Европа CENL (Conference of European National Libraries)...

Содржина: 

Директорот на Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”-Скопје, д-р Иван К. Заров, ја претставуваше Република Македонија.

На конференцијата се разгледаа стратешките приоритети за развој на асоцијацијата на европските национални библиотеки, нивната взаемна координираност, новите тенденции во библиотечното работење и соочување со предизвиците пред кои се исправени националните библиотеки во актуелниот социо-културен амбиент.

Особено беше подвлечено институционалното место и улога на библиотеката во дигиталното време како модератор и сервис на информации за сите културни, научни и општествени активности, преку креирање на развојни програми и внатрешно трансформирање на библиотеките и постојана едукација на професионалниот библиотечен кадар, менаџирањето на нови начини кои би го подобриле финансирањето, одржливоста, развојот и квалитетот на библиотечните услуги преку споделување на различните искуства на секоја од европските национални библиотеки.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>