„Континуум“ претставува збирка на десетгодишното уметничко творештво на Јосифов, во континуитет продолжува да се прикажува во различни простори и постојано се надополнува со нови дела...
Мултимедијалниот проект „Континуум“ на уметникот Игор Јосифов е изложен во Уметничката галерија во Тетово. Сите љубители на уметноста ќе може да ја погледнат изложбата до сабота, 21 јануари.
Премиерното прикажување беше на 16 декември во Младинскиот културен ценат во Скопје, а сега продолжува во Тетово. Покрај Тетово, необичниот уметнички израз ќе имаат шанса да го видат и Кичевчани на 28 јануари во Центарот за култура „Кочо Рачин“, а на 4 март веќе се сели во Битола во „Магаза“.
Преку делата на „Continuum“, Јосифов презентира десетгодишно истражување, размислување и можностите што оганот како алатка во уметничките перформанси го овозможува за трансформација.
Во рамките на изложбата беа презентирани и уметничките филмови „Artist Profile“, „Burning words“, „Wit-ness“ и „Untie“.
„Continuum“ содржи уметнички дела на хартија, платно, инсталации, уметнички филмови кои го презентираат неговото творештво и креативен процес.
Јосифов е уметник со потекло од Кавадарци, Македонија, но животниот пат го носи до постојано живеалиште во светскиот центар Сан Франциско.


