Вовед:
Како што најавува Филхармонијата, „Поезија и драма“ ќе донесе комплексна музика и врвна изведба...
Содржина:
Македонската филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт под наслов „Поезија и драма“, посветен на еден од најистакнатите македонски музички уметници, прерано починатиот, диригентот Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017).
Под диригентската палка на маестро Емил Табаков од Бугарија, оркестарот ќе ги изведе Увертирата од операта „Танхојзер“ и Прелудиум и смрт од „Тристан и Изолда“ од германскиот композитор Рихард Вагнер.
Солист ќе биде еден од најистакнатите млади македонски пијанисти, Дино Имери, кој ќе ги изведе познатите Фантазија на унгарски фолклорни теми и Танц на смртта, од унгарскиот врвен пијанист и композитор Франц Лист.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
