Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Мултимедијална промоција на книгата „Црни дупки во нас“ од Марта Маркоска

$
0
0
Вовед: 

Мултимедијалната промоција на поетската книга „Црни дупки во нас“ од Марта Маркоска ќе се одржи денеска, 2 февруари, во „Јавна соба“ – Центар за дизајн и иновации... 

Содржина: 

Двојазичното, македонско-англиско, издание на книгата го објави Здружението за литература, култура и уметност „Галикул“, како резултат на наградата „Тодор Чаловски“ (2015), признание од областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми за млад автор од Македонија.

Наградата е основана во 2015 година и се доделува во знак на почит и сеќавање кон ликот и делото на Тодор Чаловски (1945 – 2015), кој се смета за еден од најистакнатите современи македонски писатели.

Книгата „Црни дупки во нас“ беше презентирана и промовирана во рамки на 22-та Галичка книжевна колонија, а есенва беше претставена и на поетски фестивали во Романија, Бугарија и Турција. Книгата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија од програмата за финансирање проекти од национален интерес од областа на литературата и издавачката дејност за 2016 година како и од Град Скопје.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>