Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Промовирана книгата “Македонскиот народ во Албанија“ од Спасе Мазенковски

$
0
0
Вовед: 

Промоцијата на книгата се одржа по повод одбележувањето на 145-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев...

Содржина: 

Во организација на Иницијативата за семакедонско обединување од Прилеп, на 4 февруари, во градската библиотека “Борка Талески“ во Прилеп, се одржа промоција на книгата “Македонскиот народ во Албанија“ чиј автор е Спасе Мазенковски од Леска, Мала Преспа.

Промотори на книгата беа професор д-р Виолета Ачкоска и Ефтим Митревски.

Книгата содржи повеќе податоци за Македонците во Република Албанија, нивниот живот, културна афирмација и организација. Промоцијата на книгата се одржа по повод одбележувањето на 145-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

Поздравна телеграма до учесниците на промоцијата упати претседателот на Светскиот Македонски Конгрес во која се вели:

- Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, почитуван Спасе Мазенковски, Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки за промоцијата на книгата "Македонскиот народ во Албанија", којашто содржи повеќе податоци за Македонците во Република Албанија, нивниот живот, културна афирмација и организација. И покрај се'и после се', Македонците се вградени во темелите на државноста на Албанија, Албанија е држава и на Македонците во оваа земја. Основата на државноста на Албанија е Македонија и Македонскиот народ, независно од актуелната гео-политичка состојба. Македонскиот етнос е основата на албанскиот демос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. Затоа, права и слободи и за Македонците во Албанија со останатите, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните. Жалосно е што матичната држава Македонија не стори доволно за овој неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ. Затоа, безусловно мора да бараме Договор меѓу владите во Скопје и Тирана за положбата и правата на Албанците во Македонија и за положбата и правата на Македонците во Албанија. Односите меѓу двете држави мора да ги уредиме со Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, врз принципите на еднаква сувереност, немешање во внатрешните работи и реципроцитет - што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија! Посакуваме, новиот Закон за малцинствата во Албанија да ги содржи правата и слободите на малцинските заедници во Македонија според Охридскиот рамковен договор и како круна на борбата на Македонците во Албанија за нивните права и слободи, посакуваме пратеник од Македонската партија во Парламентот на Албанија. Нека Господ Бог ви даде здравје и живот и Ве благослови, а Спасе Мазенковски нека продолжи со своето творештво за Македонците во Албанија и за Македонскиот народ во целина. Амин! - се вели на крајот од поздравната телеграма на претседател на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>