Во Париз, на 77 годишна возраст почина францускиот филозоф со бугарско потекло Цветан Тодоров.
Цветан Тодоров е роден 1939 година во Софија, Бугарија. Во 60-те години на минатиот век, бегајќи од комунистичкиорт режим се сели во во Франција, каде што останува до крајот на својот живот, работејќи на својата последна книга „ Победата на уметникот“(Le Triumphe de l'artiste ), која требаше да биде објавена во март.
Тодоров е автор на бројни студии од областа на литературата, политиката и филозофијата, почесен професор на многу универзитети, директот на центарот за истражување на уметноста и јазикот во Париз. Најпознати негови дела се „Теорија на книжевноста, текстови на руските формалисти“ (1966),„Книжевност и значење“ (1967) „Теории на симболите“ (1977) и други. Во 2015 година ја објави книгата „Отпорници“ посветена на историски фигури - борци за човековите права, од Нелсон Мандела до Сноуден. Беше

