Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Блек Сабат“ го одржаа последниот концерт

$
0
0
Вовед: 

Легендарната британска група „Блек Сабат“ која важи за творец на хеви металот, во Бирмингем го оддржа својот последен концерт...

Содржина: 

Пејачот Ози Озборн (68) при тоа им се заблагодари на фановите за речиси петдецениската поддршка.

Турнејата наречена „The End“ („Крај“) почна во јануари минатата година во САД и во нејзини рамки бендот одржа 81 концерти ширум светот. Многу бендови, сепак, објавија „крај“ на кариерата, но потоа се вратија привлечени од богатата понуда. Дали тоа ќе им се случи и на пионерите на хеви металот останува да се види. Сепак, Озборн е решителен.

- Ова е крај. Дефинитивно, тврди тој.

Групата „Блек Сабат“ во 1968 година ја основаа Ози Осборн, гитаристот Тони Иоми, басистот Гизер Батлер и тапанарот Бил Ворд. Освен вториот, сите тројца настапија на концерот во Бирмингем со кој се збогуваа со публиката.

Би-Би-Си јави дека последниот концерт бил преполн со носталгија и дека само една од изведените песни била објавена по 1972 година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>