Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Реконструкција на бифшиот Офицерски дом во Велес

$
0
0
Вовед: 

Општина Велес наскоро ќе ја реновира зградата на поранешниот Офицерски дом и ќе се преадаптира во Градска куќа...

Содржина: 

– Очекуваме многу брзо во градот да имаме уште еден репрезентативен објект на многу добра локација, од којшто корист ќе имаат сите граѓани и ќе им биде во функција, истакна градоначалникот Славчо Чадиев на презентацијата на проектот за реконструкција на објектот.

Тој појасни дека проектот е веќе изработен и одобрен. Вкупната инвестиција ќе биде околу 5 милиони денари. Поголем дел од парите односно 3,1 милион денари се обезбедени преку грант од Светска банка, а остатокот се средства од Буџетот на општината.

– Проектот е веќе одобрен и средствата се обезбедени. Потребно е само разрешување на политичката ситуација, по што ќе може да се распише јавен повик за избор на фирма со најповолна понуда, рече Чадиев.

Со одлука на Владата од јуни 2013 година, Офицерскиот дом беше отстапен на трајно користење и стана сопственост на Општина Велес. По неговото превземање од страна на Општина Велес, со проект изработен од стручни лица од ЈКП „Дервен“ хортикултуртурно беше уреден дворот на објектот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>