Вечерва (25 февруари) на репертоарот на Народен театар Охрид е претставата „Импровокација“...
Ова е втора “епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура.
Новата „Импровокација“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот.
Целта на „Импровокација“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика.
Театарската импровизација „Импровокација“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
Картите по претпродажна цена од 150 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, а истите на денот на претставата (сабота) ќе чинат 200 денари.
Бројот на влезници е ограничен, а претставата започнува во 20.00 часот

