Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Синот на легендарниот фудбалер осуден на 12 години затвор

$
0
0
Вовед: 

Едсон Арантес до Нашименто, познат како Пеле преживува тешки моменти, откако на неговиот син Едињо му ја потврдија затворската казна поради перење пари за нарко-мафијата во траење од 12 години и десет месеци...

Содржина: 

Синот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 46-годишниот Едињо и се предаде на полицијата, откако Жалбениот судски совет пресуди дека мора да оди во затвор поради перење пари заработени од трговија со дрога.

Едсон Чолби до Нашименто, како што му е вистинското име, пред три години е осуден на 33 години затвор поради перење пари за нарко клановите. Сепак тој ги негираше обвиненијата, иако призна дека е зависник од дрога.

Неговите адвокати поднесоа жалба, која делумно е прифатена, а казната му е намалена на 12 години и десет месеци. Осудени се четири мажи, меѓу кои и локалниот крал на дрогата Роналдо Дуарте Барсоти, кој добил казна затвор од 33 години.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>