Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Проекција на филмот „If“ и дискусија на тема „Авторитет и образование“

$
0
0
Вовед: 

Во понеделник, 28 февруари, во просториите на Социјалниот центар „Дуња“ во рамки на Контра кадар Скопје ќе се одржи проекција на филм и дискусија...

Содржина: 

Првично ќе биде прикажан британскиот образовен систем во филмот „If“ на Линдзи Андерсон, а потоа низ дискусија со доц.д-р Мира Беќар од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ќе се спомене и ситуацијата во македонското образование.

Филмот инспирира луѓето да размислат што е она што е препознаено како авторитет во образовниот процес. Поточно, како потребата да се нагласи важноста на авторитетите и дисциплината стануваат своевидна опресија. Па таа опресија ја пренасочува креативната енергија на младите луѓе и води кон насилство.

Дали потребата да се биде автономен при креирањето на сопственото образование е спротивна на идеологијата на институциите (сите да сме во еден калап? Што учиме од сатирата и алегоријата во едно строго, елитистичко училиште за општествени и политичките фактори?

За што би се опредилиле: за борба за автомонмост при стекнување образование, која ќе води до револт, па макар и со несреќен крај или за адаптирање на и задоволување со зоната на комфорот на сметка на унифицирање со мнозинството? Ова се само дел од прашањата на кои ќе се дискутира по проекцијата.

Проекцијата е со почеток во 19 часот.

Влезот е слободен.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>