Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба на 18 уметници од 8 земји за спас на планетата Земја

$
0
0
Вовед: 

Во Галерија „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, во тек е изложбата од ангажиран и интернационален карактер насловена „За спас на планетата Земја“ со учество на 18 уметници од 8 земји...

Содржина: 

Со цел да се актуелизира оваа проблематика од акутно и глобално значење за севкупната популација и за опстојувањето на планетата Земја која е заеднички дом на сите Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје секоја година во континуитет почнувајќи од 1991 година го дава својот придоенс во афирмација на оваа проблематика преку бројни содржини изложби, просторни интервенции, инсталации, перформанси, предавања, трибини, концерти, настапи на музички групи, и др.

Во рамките на бројните мултимедијални хепенинзи кои се одржуваа со учество на бројни уметници од сите сфери на уметноста на кои им се придружуваа и стотици ученици и деца, почнувајќи од најмладите со бројни дефилеа со еколошки пораки и симболи во придружба на Коњичкиотѕ клуб „Илинден“ од Скопје , фолклорни групи, хорови, па дури и со учество на кајакарските клубови и Аеро клубот кој од леталата ги упатуваше бројните еколошки пораки на најмладите со цртежи и детски творби посветени на Денот на пролетта кој симболично го означува нашето будење на свеста за спас на планетата Земја.

Оваа година одбележувањето на Денот на пролетта Деновите на екологијата започна со отворање на групната изложба, инсталација на која се представени во повеќе техники слики, графики, скулптури, делата на овогодишните учесници помеѓу кои с еимињата на представници на повеќе нации, народи, ентитети од различни генерации обединети во оваа благородна мисија која има за цел не само афирмација на оваа проблематика, туку и размисла, предлози, иницијативи, визии, креативни инвенции и оперативни планови во контекст на овој заеднички ангажман кој ги обединува сите народи и нациии на нашата планетата Земја.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>