Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Празник на Франкофонијата во МКЦ

$
0
0
Вовед: 

Денеска, петок (24 март) во Младинскиот културен центар ќе се одржи големиот Празник на Франкофонијата...

Содржина: 

Во рамките на прославата, ќе се одржат неколку настани:

- во 10:30 часот. ќе започне Регионален форум на тема „Францускиот јазик, младите и можностите за работа“, што има за цел да го стави во фокус францускиот јазик како адут за професионалната иднина на младите во рамките на Балканот, но и да ги поврзе компаниите, институциите, универзитетите и училиштата во Македонија и во регионот.

Форумот опфаќа три тркалезни маси со реномирани учесници од Франција, Швајцарија, Бугарија и Македонија, а дел од нив се: Александар Хол од Стопанската и индустриска комора на Париз, Марија Никулеску, Директорка на Високата франкофонска школа за администрација и менаџмент од Софија,  Елен Фантини од Школата за инженери од Франција, Стефан Томажјан, Вршител на должност при Амбасадата на Швајцарија, но и многу други кои ќе дадат свои излагања на три теми: францускиот, како јазик за меѓународна кариера, потоа францускиот како јазик за вработување на младите и на тема универзитeтски франкофонски програми достапни во Европа. На форумот е обезбеден консекутивен превод за публиката.

- во 12 часот, во холот на МКЦ, Н.Е.г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција ќе има свое обраќање, а воедно ќе биде поставена изложбата на десетте најдобри учесници на фото натпреварот „Освен тоа, зборувам и француски!“, при што ќе бидат доделени наградите на тројцата млади автори на најдобри фотографии;

- во 20 часот, во киното „Фросина“, концерт ќе одржи Шарл Батист, млад француски поп пејaч, чија кариера е во значителен подем.

Присуството на сите настани е отворено, а бесплатни билети за концертот да се резервираат на следниот мејл: culture@ifs.mk

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>