Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Средба на Канческа - Милевска со амбасадорката на Турција

$
0
0
Вовед: 

 На средбата, двете соговорнички се согласија дека Република Македонија и Република Турција имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата... 

Содржина: 

Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара.

На средбата, меѓу другото, стана збор и за новата Програма за културна соработка, со чие потпишување дополнително ќе се продлабочат релациите во областа на културата помеѓу двете земји.

Министерката за култура Канческа-Милевска потсети дека постои континуирано претставување на македонската култура во Република Турција, но значаен е и бројот на содржините со кои турската култура се претставува во нашата земја.

Соговорниците ја поздравија и досегашната успешна соработка меѓу институциите од областа на културата, како и реализацијата на заедничките проекти меѓу кои е и израдбата на Турскиот театар, проект кој е од особено значење за турската заедница во нашата земја, со што ќе се овозможи Театарот да ги презентира своите уметнички креации во нов објект, изграден според сите светски стандарди.

Канческа-Милевска потсети дека по тој повод пред извесен период гости во Република Македонија беа и претставници од државните театри на Турција предводени од директорот Ерџан Серин, кои со македонските претставници разговараа за интензивирање на изградбата на новиот објект на овој театар, во која ќе партиципира и турската влада.

На средбата, на која беше присутен и в.д директорот на Институтот Јунус Емре - Скопје Фуат Коркмаз, турската амбасадорка информираше дека при крај се активностите за изработка на проектот за реставрација на споменикот на културата Куршумли ан, каде ќе функционира Турскиот културен центар, а по целосната изработка на проектот, тој ќе биде доставен до надлежните установи во нашата земја.

Таа изрази уверување дека Куршумли ан ќе биде место каде во иднина ќе се презентираат разновидни содржини од сите дејности на културата преку кои ќе се промовираат турските културни вредности во нашата земја.

Двете соговорнички се согласија дека добрата културна соработка помеѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период кога ќе се реализираат бројни проекти и активности помеѓу инстутуциите во Република Македонија и Република Турција, која е вистински пријател и поддржувач на нашата земја.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>