Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Уметнички портрет на Јордан Плевнеш во Кочани

$
0
0
Вовед: 

По повод изборот на Јордан Плевнеш за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, а во организација на гимназијата „Ључо Сантов“ и Домот на културата „Бели мугри“ од Кочани на 26 март, со почеток во 19 часот, во Домот на културата ќе се одржи уметнички портрет на овој македонски писател под наслов „Македонски состојби“...

Содржина: 

За творештвото на Плевнеш ќе говори М-р Доне Донев, а ќе биде изведен и перформанс според текстови од авторот од студенти по актерска игра од класата на проф. Мето Јовановски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности-Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија- Скопје-Париз-Есен-Ротерам.

Кочани е избран како прв град во кој ќе почнат академските свечености по повод изборот на Јордан Плевнеш за академик бидејќи во драмата „Македонски состојби“, преведена и играна на голем број јазици во светот, Плевнеш е инспириран од познатото семејство Поп Иванови кое потекнува од овој град – Стефан Поп Иванов, првиот покраински секретар на Комунистичката партија на Македонија и неговата ќерка Малина Поп Иванова, единствените Македонци кои фигурираат на листата на рехабилитирани на историскиот 20-ти конгрес на Комунистичката партија на СССР во рефератот на Никита Хрушчов и контраверзната фигура на поетот Цеко Поп Стефанов кој се самоубива на денот на ослободувањето на Скопје - 13 ноември 1944 година.

Политичката синтагма „македонски состојби“ (“Mazedonische Zustände”), наслов на една од најизведувани драми на Плевнеш тој ја откри во истражувањата во Виенскиот архив а значи „да не се знае кој кого убива и во чие име“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>