Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Велигденските традиции на рускиот народ претставени во Охрид

$
0
0
Вовед: 

Во рамки на манифестацијата во организација на националната Библиотека „Григор Прличев“ и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, верските обичаи во Русија по повод големиот христијански празник Велигден, традицијата на руските православни верници беа претставени пред охриѓани...

Содржина: 

Како што истакна почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски, македонскиот и рускиот народ ги поврзува православието, заедничките историски корени, за кои нагласи дека се, „длабоко вткаени во светските цивилизациски придобивки со своите културни, културолошки, историски и други придонеси“.

Елена Обухова, русинката која седум години живее во Охрид, пред охриѓани раскажуваше за руските обичаи за Велигден, нагласувајќи дека тие во Русија не се толку искомерцијализирани, но во основа исти.

Таа истакна дека во Русија најмногу се бојадисуваат црвени јајца, а другите се јајца кои се бојат со восок. Тие се даваат на новороденчиња, младоженци, а се носат и на гробишта како почит кон умрените.

– Во минатото се верувало дека највредно е јајцето кое ќе ви го даде свештено лице и дека има лековита моќ. Ако се јаде ќе донесе здравје дури и ако се чува цела година, или од 3 до 12 години. Во Русија исто така се верува дека лушпите од јајцата кои се носат во црква не треба да се фрлаат бидејќи ќе дојдат самовили, ќе направат кајчиња и ќе избегаат или оној кој ќе ги фрли лушпите ќе се разболи од треска, раскажува Обухова.

Како дел од настанот организиран по повод престојниот празник Велигден, посетителите имаа можност да слушнат предавање за историјата и современите тенденци на уметноста на украсување на јајца, а исто така можеа да земат учество во работилницата за уметничко украсување на декоративни велигденски јајца.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>