Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Над 1500 жени беа дел од Авицена женска трка

$
0
0
Вовед: 

Над 1500 жени трчаа, се натпреваруваа, се дружеа и се забавуваа на овој уникатен настан...

Содржина: 

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2017, се одржа 5-та Авицена Женска трка во Градски парк.

Оваа трка е инспирација за започнување со тренирање, вежбање и зацврстување на здравите навики. Сите кои се вклучија во трката ги отфрлија претпоставките на модерното секојдневие и докажаа дека динамиката се гради преку спорт. Со трчањето, покрај телото, се гради и духот, се исполнува со енергија за покорување не секој ден.

„Оваа трка е изјава на жените кои покажаа дека здравјето е најважно. Денешната Авицена Женска трка со над 1.500 учеснички е порака дека припадничките на понежниот пол се грижат за себе си, за своето здравје и среќа. Горда сум дека го надминавме рекордот на заинтересирани жени и што во голем број кажавме дека нема оправдување за градење на здрав живот.“, истакна Гордана Николовска од Сојузот на Спортови на Скопје.

Пријавувањето за Авицена Женска трка започна на 16ти февруари и за кратко време се надмина очекуваниот број на учеснички. Натпреварувачките покажаа дека во Македонија постои инспирација за целосно прифаќање на здравиот начин на живеење.

Секоја од нив доби свој стартен број со чип на електронско мерење на време и трите најдобро пласираните Бојана Наумовска, Виолета Ивановиќ и Мелита Ромис, според Gun Time, добија вредни награди.

По прогласувањето на најдобрите следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните добија подароци од партнерите на Авицена Женска трка 2017.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>