Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Постарите мајки се подобри од помладите

$
0
0
Вовед: 

Децата чии мајки се постари имаат помали проблеми со емоциите и однесувањето...

Содржина: 

„Психолошката зрелост” на постарите мајки има позитивно влијание на развојот и благосостојбата на детето, покажува истражувањето спроведено во Европскиот журнал за развојна психологија. Како што е наведено, децата чии мајки се постари имаат помали проблеми со емоциите и однесувањето.

Исто така, тие деца трпат помалку физичко дисциплинирање од тие чии мајки родиле на помлади години. Истражувачите ги испитале односите на 4.741 мајки и нивните деца во Данска, откако било објавено дека бројот на повозрасните мајки во развиениот свет е во пораст.

Студијата покажала дека позитивните работи кај „постарите мајки” се видливи се до адолесцентскиот период. Така децата на постари мајки биле вербално и општествено поспособни од своите врсници чии мајки се помлади, без оглед на социјалниот статус, образованието и други надворешни фактори.

– Знаеме дека луѓето со годините стануваат ментално пофлексибилни и потолерантни и самите подобро емотивно се развиваат, вели професорот Дион Сомер.

Според него, тоа е причина поради која младите мајки се почесто посегнуваат по физичко казнување на децата. Тоа е многу значајно до 15 година од животот, а потоа се согледува разликата во тоа како децата реагираат на било кој вид на казнување од родителите.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>