Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Велигденски песни од Мариово

$
0
0
Вовед: 

На Велигден се фаќаат на оро моми и невести и додека едни играат другите наредени во убава редица околу нив пејат...

Содржина: 

Движењето на пеачките е бавно и рамномерно. И пеењето е исто така бавно и монотоно, толку бавно што човек, ако претходно не ја знае песната, не може да и ја сфати смислата – не може одделно да слушне ниту еден нејзин збор, до толку повеќе што следи стих кога, за да се спаси тонскиот размер, последниот слог од еден збор се поврзува со порвиот од следниот.

На таков начин се добива само една бркотија од ниски и високи тонови и не се образуваат слоговни стапки, туку тонови што се разбира, пречат да се сфати смислата и на најпростиот збор.

Така една песна за да се испее до крај, треба да ја пеат задолжително цел ден. Секој слог, извикување или повишување на гласот, што е карактеристичен белег на таа песна, се придружува и од еден лесен удар на нозете при образувањето на чекорите.

Целата верига од пејачки е разделена во групи во кои влегуваат најмалку по две, а најмногу по 4-5 лица. Кога целната група ќе испее еден стих, последниот се позема од следната и така се предава натаму докрај, додека не дојде ред на новиот стих. Овие песни што се одликуваат уште со извонредно бавно темпо, се нарекуваат велигденски и тие кај нас станале веќе пословични.

1. Море Димче протуѓерче,

иди викај селаните,

в село дошле сејмените да разгодат конаците,

кај дваица, кај троица,

руса Дона четворица.

Тамо ми е буљукбашот,

јагне печат, каве варат,

каве пијат, шикер зобат.

На Дона и говореа:

-Мори Доно, руса Доно,

ја постели на високо,

на високо на широко,

клади зглаве нависоко,

над зглавето бардак вода,

во бардакот киска цвеќе,

редко вода дас пиеме.

 

2. - Еј Златковице невесто,

имате село големо,

в стред село вода студена,

имате одбор јунаци,

се одбор млади момчаци,

имате моми убави,

и црнооки невести,

и калешевци вдовици.

-Деј гиди, земски војвода,

наистина село големо,

встред село вода студена,

имаме одбор јунаци,

и црнооки невести,

и калешвици вдовици,

немаме моми убави,

угу сестрица Божана,

и таја ни е свршена

в’земенне келер ни седи.

-Еј Златковице невесто

ја ќе ти дада натдада

да м’ја Божана излажиш,

ја ќе ти купа сагија, с

агија од бугасија.

И Златковица невеста

бргу се назад поврати,

викна сестрица Божана:

-Излези, мори сестрице,

сестрице, бела Божано,

до високото буниште

да видиш чудо големо,

сите ми мртви станале,

сиви галаби кај носат,

бела пченица кај к’ват,

злато и стребро блувајат,

еве и јазе си набрав.

Тогај Божана с’излага,

излезе надвор до на двор,

на високото буниште.

Тогај ја Татар узело,

узело млада Божана.

Кај што Божана одеше,

црна се земја цепеше,

кај што Божана плачеше,

крвата роса росеше.

 

Според записите на Крсто Бинев Андонов.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles