Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Битолскиот Народен театар со „Шекспир засекогаш“ гостува во Санкт Петербург

$
0
0
Вовед: 

Во театарот „Вера Комисаржевскаја“ во Санкт Петербург вечерва, 17 април, ансамблот на Народниот театар-Битола ќе го изведе музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“, што е прво меѓународно гостување на оваа национална установа во 2017 година... 

Содржина: 

Копродукцискиот перформанс е во изведба на актери од Битолскиот театар и од рускиот театар-домаќин „Вера Комисаржевскаја“. Во меѓувреме извршено е дополнување и ќе биде изведен во форма на маратонска актерска манифестација посветена на Шекспир, истакна Валентин Светозарев, директор на НУ Народен театар-Битола на прес-конференција по повод гостувањето.

- Во Санкт Петербург ќе настапиме пред полна сала бидејќи покрај за актерите голем интерес има и за битолската група „Фолтин“. Освен во музичко-сценскиот дел, таа ќе приреди и посебен концерт за руската публика. Во претставата ќе настапат многу актери од Македонија и Русија, но како почесен гостин ќе настапи и народниот актер, некои го нарекуваат и актерска икона во Русија, Ивак Краско, кој иако има 89 години, се уште е активен, посочи Светозарев.

Заедно со актерите од Русија ќе настапат и битолските актери Соња Михајлова, Катерина Аневска, Никола Пројчевски, Александар Димовски и други членови на ансамблот.

Народниот театар-Битола оваа пролет ќе настапи и во Канада.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>