Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Монодрами од Холандија, Полска и Израел вечерва на фестивалот во Битола

$
0
0
Вовед: 

Натпреварувачкиот дел на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“ вечерва продолжува со три нови монодрамски проекти на актери од Холандија, Полска и Израел...

Содржина: 

Фестивалската вечер ќе ја отвори актерката Фунда Мујде од театарот во Амстердам, која ќе ја изведе монодрамата „Количка“ во режија на Вими Вилхелм и Челил Токсуз.

– Десет години сум во инвалидска количка. Бев параглајдерист, а по сообраќајната несреќа не можев да се помирам дека не можам ништо да работам ниту во домашната кујна. Но, го открив рачниот велосипед и почнав да патувам. Патував насекаде, дури од Амстердам до Истанбул уживајќи во природните реткости и убавини. Монодрамата „Количка“ всушност е дел од тие сведоштва искажани на комичен начин. Во претставата пренесувам многу автобиографски податоци поврзни со мојата борба против депресијата, но и емиграцијата со која се соочуваат многу луѓе, истакна актерката Мујде во пресрет на вечерашниот фестивалски настап.

Пред битолската публика вечер ќе настапат и актерката Виолета Комар од Полска која ќе ја изведе монодрамата „Дива“ на Магдалена Гауер во режија на Станислав Мјеџиевски, и израелскиот актер Виктор Атар – член на театарот „Завта“ од Тел Авив кој ќе ја изведе монодрамата „Голгота“ од Шмуел Рафаел во режија на Гела Јефет-Атар.

Интернационалниот фестивал на монодрама го организира НУ Центар за култура-Битола, а покровител е Министерството за култура.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>