Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Ќе се гради регионален етно парк во Зрновци

$
0
0
Вовед: 

Во општина Зрновци ќе се гради регионален етно парк со занимлива понуда за посетителите...

Содржина: 

Центарот за развој на Источниот плански регион објави тендер за изведувач што ќе ја гради првата фаза од овој туристички комплекс кој ќе ги поврзува општините под Плачковица.

- Со проектот е предвидено да се заштити културното и етнолошкото богатство по течението на Зрновска река. За реализација на првата фаза се потребни 2,6 милиони денари, средства кои Источниот плански регион ги обезбеди од програмата на Бирото за регионален развој. Општина Зрновци во овој проект учествува со сопствени средства во износ од 10 отсто од вредноста на проектот, истакнува Блаже Станков, градоначалник на Зрновци.

Реализацијата на проектот според Станков, ќе биде до крајот на оваа година. Етно паркот ќе го отсликува минатото на Зрновскиот крај и населените места под планината Плачковица, и ќе содржи повеќе елементи, подзаборавени содржини и исчезнати предмети како што се фурна за печење леб, казан за печење ракија, бунар, чеза и коњска кола, автентични за овој крај. Локацијата на етно паркот се наоѓа на влезот во населбата до детската градинка и спортските терени.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>