Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, во едицијата „100 словенски романи“ го објави романот „Накитот на Мадона“ од Ласло Блашковиќ...
Блашковиќ е српски романсиер, поет и раскажувач, роден е во Нови Сад во 1966 година. Тој е еден од најзначајните понови српски писатели.
Романот „Накитот на Мадона“ којшто сега им се нуди на македонските читатели, е слоевита приказна за недоразбирањата од (не)секојдневниот живот. Ова дело, како што има речено критиката, е длабоко вкоренето во модерната прозна традиција.
Романот го врамува времето на паѓањето на Берлинскиот ѕид и настаните на Балканот потоа. Тоа се чини како чиста историска рамка, но во романот таа рамка е флуидна и уметнички подвижна.Она што е важно за овој роман е уметничката, поетска реализација, начинот на кој функионира една вистинска уметност.

