Делото се бави со анализа на различните размислувања и теории за смислата на постоењето на затворите и за обидите на системот да се справи со криминалот...
Книгата „Рециклирање зад ѕидовите (аспекти од пенолошката теорија и пракса)“ од Александар Ковилоски, вработен во секторот за ресоцијализација во КПУ „Идризово“, ќе биде промовирана во четврток во 19.30 часот во Домот на градежници.
Книгата зборува за смислата на казнувањето, за ресоцијализацијата, за затворскиот систем и за начинот на неговото функционирање. Делото се бави со анализа на различните размислувања и теории за смислата на постоењето на затворите и за обидите на системот да се справи со криминалот.
Ова не е обична книга за затворот бидејќи во неа не се дадени теми и не се поставени прашања само од теориски, туку и од практичен аспект од лице кое е директно обврзано да работи со оваа категорија граѓани.
Издавач е Здружението на социолози на РМ, додека рецензенти на трудот се проф. Д-р Љупчо Арнаудовски и М-р Верица Костовска.

