И оваа година Музејот „Д-р Никола Незлобински“ – Струга го одбележува Меѓународниот ден на музеите заедно со други музеи во светот во организација на ИКОМ/ICOM...
Во програмата за одбележување на 17 мај се две изложби од едукативните работилници кои ги работеа нашите кустоси, а децата учесници ќе имаат можност своите дела да ги постават во музејските простории, на тој начин директно презентирајќи ги своите видувања за богатото природно и културно наследство.
На 18-ти музејот ќе ги презентира и новите промотивни материјали и веб страна. На советувањето кое на 19-ти во Скопје го организира ИКОМ – Македонија по повод Меѓународниот Ден на Музеите, нашиот музеј ќе биде презентиран со темата „Музеј во Музеј“ а се однесува на уникатната природно-научна поставка на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга.
Од неодамна препараторските работи во рамки на биолошкото одделение се вршат во ново-адаптирани простории во административната зграда на музејот.
По вторпат оваа година на 18-ти мај – Меѓународниот Ден на Музеите влезот за сите музејски поставки е слободен. Проектите кои се дел од програмата се реализирани со помош на Министерство за култура на Република Македонија.
ПРОГРАМА:
– 17 МАЈ 18:00 ЧАСОТ – Спомен соба Никола Незлобински/Административна зграда – ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА дел од едукативната работилницата „Културно наследство од Струга и Струшко“
– 17 МАЈ 19:00 ЧАСОТ – Природно-научен Музеј – ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА од едукативната работилница „Рибите во Охридското Езеро“
– 18 МАЈ 20:00 ЧАСОТ – СПОМЕН ДОМ НА БРАЌАТА МИЛАДИНОВЦИ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВИТЕ ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА МУЗЕЈОТ И ПРОМОЦИЈА НА НОВАТА ВЕБ СТРАНА НА МУЗЕЈОТ

