Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Отворена изложба на Бекири и Меџити во Софија

$
0
0
Вовед: 

Во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија вчеравечер, 22 мај, беше отворена изложбата „Експресивната лирика и траги“ од академските сликари Илирјан Бекири и Башким Меџити...

Содржина: 

Пред бројна публика и претставници од дипломатскиот кор, изложбата ја отвори директорот на Центарот, Васко Шутаров. Илирјан Бекири и Башким Меџити, на своето прво заедничко и репрезентативно претставување во Софија, се претставија со 23 масла на платно, од нивните најнови творечки опуси.

Иако концептуално различни, делата на двајцата ликовни уметници чинат една исклучителна компактна целина, која комуницира преку хармонијата од лирски експресии, преку композицијата, бојата, силно изразената симболика.

Илирјан Бекири и Башким Меџити, имаат остварено заеднички проекти и изложби во Македонија, државите од регионот, но и во Париз и Њујорк. И двајцата се професори на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Тетово.

Проектот е поддржан од Министеството за култура на Република Македонија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>