Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Португалскиот автор Бруно Виејра Амарал гостува во Македонија

$
0
0
Вовед: 

Романот „Првобитните нешта“ од Бруно Виејра Амарал вечерва, 3 јуни, ќе биде промовиран во клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија...

Содржина: 

На промоцијата ќе присуствува и авторот.

Ова е јубилејниот, 150 наслов во „ПРОаЗА“ и прв превод на дело од португалски на македонски јазик во рамки на популарната едиција, за кој беше задолжена Наташа Сарџоска. Промотор на книгата ќе биде универзитетскиот професор Владимир Мартиновски.

Излегувањето на книгата и гостувањето на авторот во Македонија се дел од проектот „Креативна Европа“ на Европската унија.

Бруно Виејира Амарал (1978) е писател, книжевен критичар и преведувач од Португалија. Дипломирал современа историја на Универзитетскиот институт во Лисабон. Соработувал со разни книжевни списанија и зборници и автор е на разни блогови.

За романот „Првобитните нешта“ во 2013 ги добил наградите „Книга на годината“ на списанието „Тајм Аут“, наградата „Фернандо Намора“, како и ПЕН наградата за проза. Ги објавил и „Водич низ 50-те ликови на португалскиот расказ“ (2013) и „Денес ќе бидеш со мене во рајот“ (2017).

Добитник е на престижната португалска награда за книжевност „Жозе Сарамаго“.

Прогласен е за еден од десетте „Нови книжевни гласови на Европа“ за 2016 година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>