Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Во Битола изложба на автори од Турција и Македонија

$
0
0
Вовед: 

Станува збор за ликовни дела, скулптури, уметнички дела од мермер и дрво, и други творби на девет автори од Турција и 11 автори од Македонија...

Содржина: 

Друштвото на ликовните уметници-Битола и академски ликовни уметници од Ескишер при Универзитетот Анадолу-Турција, синоќа, 2 јуни, во Битолскиот Музеј приредија заедничка изложба под наслов „Ликовни изрази“.

– Уметноста е безгранична, а соработката меѓу ликовните уметници од Македонија и Турција, и бесконечна. Уште од првиот момент кога се договоривме, па се до изложувањето на ликовните творби за да се споделат со јавноста, знаевме дека нашите ликовни изрази освен што ќе бидат прифатени туку и со задоволство погледнати. Мајсторствата на ликовните уметници од двете држави освен во Битола на 15 јуни ќе бидат презентирани и во Скопје, истакна организаторот на изложбата, претседателот на ДЛУБ, Драган Најденовски на синоќешното отворање на изложбата во овој град.

Своите најнови ликовни остварувања во Битола ги презентираат Ќунејт Ер, Ондер Ер, Левент Југундоз, Ерџан Дурал, Селим Чинар, како и уметниците од Македонија Сандра Котевска, Љубица М. Солак, Драган Најденовски, Беди Ибрахим, Владимир Симоновски, Никола Смилков, Слободан Милошевски и други автори.

– Кога се претставувате во Битола тогаш треба да знаете дека треба и добро да се подготвите. Ние за гостувањето во Битола бевме посебно мотивирани, а причините се добро познати и втемелени на длабоката традиција и врски меѓу двете држави. Да се претстави личното творештво во зградата на Ататурк, во Битолскиот Музеј е привилегија за секој турски автор, посочи ликовниот уметник Ќунејт Ер, координатор на делегацијата академски уметници од Ескишер.

Меѓународната ликовна изложба „Ликовни изрази“ ја поддржаа НУ Завод и Музеј-Битола, Македонско научно друштво-Битола и Друштво на македонско-турско пријателство-Битола.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles