Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Овации за претставата „Животот е прекрасен“ во Загреб

$
0
0
Вовед: 

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а во рамките на 41-то издание „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“, вчеравечер, 18 јунли, настапи на големата сцена во Хрватско народно казалиште во Загреб...

Содржина: 

– Преполната сала со овации ја награди актерска екипа од „Животот е прекрасен“. За гостувањето на МНТ во Загреб имаше голем интерес така што билетите беа распродадени неколку дена пред изведбата. Организаторите на овој престижен фестивал и театарската критика имаа само пофални зборови за „Животот е прекрасен“.Огромните овации и аплаузи се потврда за тоа како беше прифатена претставата од хрватската публика и јавност, соопшти прес-службата на МНТ.

Фестивалот „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“ и оваа година ги собра најдобрите 15 комедиографски и сатирични дела од хрватската театарска продукција, како и истакнати продукции од Словенија, Германија, Македонија, Србија и Црна Гора.

Фестивалот е во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух од Загреб. Годинашното 41-во фестивалско издание почна на 2 јуни, а организаторите очекуваат повеќе од 300 изведувачи и учесници. Затворањето е во недела на 21 јуни со доделувањето на наградата „Денови на сатира Фадил Хаџиќ“.

Оценката за нјадобра претстава ќе ја даде комисијата во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во Вечерњи лист, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец.

Претставата „Животот е прекрасен” во мај годинава гостуваше и во Будимпешта на престижниот фестивал МИТЕМ на сцената на Националниот театар на Унгарија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>