Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за филм и ФИОФА

$
0
0
Вовед: 

Потпишувањето на меморандумот за соработка е само уште една потврда на стратегијата и заложбите на Агенцијата за филм на Република Македонија која освен континуираната поддршка на производството на  филмови од национален интерес во филмската дејност поддржува и други проекти од национален интерес за Република Македонија меѓу кои унапредувањето и едукацијата на стручните кадри и развојот на домашни сценарија...

Содржина: 

Во рамките на престижната професионална програма за развој на филмски проекти „MIDPOINT Feature Launch“, која својата прва сесија ја одржа во периодот од 10 до 16 јуни на Филмската Академија во Охрид и на која учествуваа дваесеттина млади сценаристи, продуценти и режисери од светот, на 13 јуни од страна на Директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија, Мими Ѓоргоска Илиевска и Директорот на Филмската Акдемија од Охрид (ФИОФА), Роберт Јазаџиски, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу двете институции, со што се официјализираше реализацијата на работилницата на МИДПОИНТ во Охрид, но и сите идни соработки кои што ќе следат.

Со меморандумот се утврдува меѓусебната соработка на двете институции преку размена на релевантни информации и досегашни и нови искуства кои се од заеднички интерес (стручни совети, публикации, научни информации и сл.), учество на стручни едукации, семинари, конференции, тркалезни маси и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции.

Како потсетување, освен континуираната поддршка на производството на филмови од национален интерес за Република Македонија а во интерес на развојот и унапредувањето на филмската дејност, минатата година за првпат во рамки на конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес, од страна на Агенцијата за филм беа поддржани и 8 дипломски филмови како и проекти за стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот, за издавање публикации од областа на филмската дејност, за членство на Република Македонија во меѓународни филмски организации и бројни едукативни програми за унапредување на филмската култура.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>