Вовед:
На отворена сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ пред околу 1.000 гледачи вчеравечер, 19 јуни, со претставата „Лажговци во неволја“ од Ентони Нилсон во режија на Здравко Митков во продукција на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ од Софија, почна четвртиот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“...
Содржина:
Во осумте фестивалски денови, поточно до 26-ти јуни, публиката ќе има можност да види вкупно седум претстави од театри од земјава, но и од гостите од Бугарија, Србија и БиХ.
Вечерва, на репертоарот е претставата „Атена со пенис“ од Александар Русјаков во режија на Синиша Евтимов во продукција на Драмски театар Скопје.
Сите претстави почнуваат во 21:00 часот, а влезот за граѓаните е бесплатен.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
