Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Трета бесплатна музичка работилница во Спомен куќата на Тоше

$
0
0
Вовед: 

Оваа година ментор на работилницата е еден од најдобрите македонски гитаристи Дамјан Пејчиноски, кој во наредните три дена на помладите музичари ќе им пренесе дел од своето знаење, техники и пристап во свирење на овој популарен инструмент...

Содржина: 

Во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево денеска, 20 јуни, почна со работа третата бесплатна музичката работилница „Krusevo Workshop 2017”, на која учествуваат триесеттина млади гитаристи од сите краишита на Македонија.

Работилницата ќе трае три дена, а ќе заврши со заеднички концерт на сите учесници што ќе се одржи на 22 јуни пред платото на Спомен куќата со почеток во 18 часот.

Оваа година ментор на работилницата е еден од најдобрите македонски гитаристи Дамјан Пејчиноски, кој во наредните три дена на помладите музичари ќе им пренесе дел од своето знаење, техники и пристап во свирење на овој популарен инструмент.

Овој проект има за цел да го популаризира свирењето на музички инструменти кај нас, а воедно да ја позиционира Спомен куќата на Тоше и градот Крушево како едукативен музички центар во регионов.

Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на Трето Уво.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>