Наредните неколку дена ќе може да ги проследите следните настани во склоп на манифестацијата Скопско лето 2017...
На 04.07.2017, денес, вторник, ќе се одржи концерт „Вечер на фантазии“ на триото „Интерарт“, со почеток во 20:30 часот, во Музеј на град Скопје.
На 05.07.2017, среда, ќе се одржи театарската претстава „Франкенштајн“ со почеток во 20:00 часот, во Драмски театар – Скопје. Претставата е во продукција на Драмски театар – Скопје.
На 06.07.2017, четврток, ќе се одржи театарска претстава „Отело“, со почеток во 20:00 часот, во театар „Комедија“. Претставата е во продукција на Турскиот театар – Скопје.
Исто така, на 06.07.2017, четврток, ќе се одржи концерт на Антоние Весковски и ансамблот за удирачки инструменти „Сонант“, со почеток во 21:00 часот, во Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.
На 07.07.2017, петок, ќе се одржи изложба на карикатури „Ретроспектива“, 50 години творештво на Јордан Поп Илиев, со почеток во 20:30 часот, во Национална галерија на Македонија – Мала станица.
Исто така на 07.07.2017, петок, ќе се одржи концерт „Македонски звуци 2“ на Јета Старова Мехмети (флејта) и Ермал Мехмети (виолина), со почеток во 21:00 часот, во Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.
На 08.07.2017, сабота, ќе има отворање на Кафе-киното со прикажување на филмот „Битлси: 8 дена во неделата“, со почеток во 21:00 часот, во Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

