Вовед:
За време на 15. Фестивал „Актерот на Европа“ формирана е македонска секција на Светската асоцијација на театарските критичари со седиште во Париз, во присуство на нејзиниот почесен претседател Жорж Бани.
Содржина:
Во Светската асоцијација на театарските критичари членуваат 112 земји со над 7000 членови. Во македонската секција веќе се приклучиле петнаесетина македонски критичари и театролози.
За претседател е избран Христо Петрески, професор на Универзитетот ЕСРА во Скопје, а за генерален секретар Трајче Кацаров, главен и одговорен уредник на списанието „Сум"од Штип.
На следниот светски конгрес кој ќе се одржи во Стокхолм, првпат ќе присуствува и македонска делегација и ќе биде претставена книгата „Македонска театарска критика".
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Да
додади слика:
