Предложениот универзален „Нов словенски јазик“ ќе ја поедностави комуникацијата меѓу сите оние кои зборуваат различни словенски јазици и ќе го усоврши квалитетот на системите за превод
Војтех Мерунка, чешки лингвист и професор на Факултетот за технологии во Прага, е пред завршување на неговиот проект за создавање на универзален сесловенски јазик. Мерунка го претстави својот проект на првата Конференција за сесловенски јазик во моравското село Старе Место кај Злин, што се одржа на 1 јуни 2017 година.
- Работам на структурите на јазиците уште од млад. Отсекогаш сум бил возбуден од концептот на есперантото, но со оглед на тоа што овој меѓународен јазик е врз основа на структурата на романските и германските јазик, одамна се носам со идејата за создавање на универзален словенски јазик кој ќе овозможи полесна комуникација во самата словенска јазична група, вели Мерунка.
Чешкиот експерт соработува со хрватскиот антрополог Емил Хершак, голем приврзаник на „Новиот словенски јазик“ и еден од учесниците на конференцијата.
Тој истакнува дека мнозинството на европското население е составено од словенски јазичноговорна група или 250 милиони луѓе, што 32,3 проценти од вкупното население во Европа; романските јазици се на второ место со 31 проценти, а трети се германските јазици со 27 проценти од луѓето во Европа.
Хершак забележува дека пансловенскиот јазик на Мерунка не значи да се заменат сите словенски јазици во реалноста, туку треба да се користи како компјутерски јазик за да се поедностави меѓусловенската комуникација. Во моментов англискиот јазик е единствениот посерднички јазик во инлајн системот за превод на Гугл, што често доведува до погрешни преводи од некој словенски јазик на друг. На пример, системот го преведува хрватскиот збор „медјвед“ во „издржливост“ на полски и „грижа“ на руски јазик, а англиската именка „мечка“ исто е синоним за сите наведени предлози.
Ако еден сесловенски јазик се користи како основа кај сите сустеми за преведување поврзани со словенските јазици, резултатот ќе биде многу попрецизен. Мерунка спомна дека го нервира кога слуша Чеси, Хрвати, Пољаци и Бугари како меѓу себе зборуваат на англиски јазик, додека нивните почитувани мајчини јазици имаат слична структура.
- Новата словенска граматика е екстремно едноставна и оној кој зборува еден словенски јазик ќе ја усоврши за еден месец, додека оној кој зборува два словенски јазици ќе ја разбере веднаш, изјави тој, додавајќи дека неговиот проект не е од политички причини и дека посакува новиот јазик да стане тема на културни собири и настани во повеќе словенски земји.

