Вовед:
Краткометражниот игран филм „Амби“ по сценарио и режија на Марија Апчевска влезе во официјална селекција на 13-от Филмски фестивал Холишортс (HollyShorts Film Festival), кој ќе се одржува од 10 до 19 август 2017 во Калифорнија.
Содржина:
Продуцент е Квазар филм, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Горан Вуќиќ, сценографијата на Кирил Спасески, костимите ги изработи Раде Василев, а музиката Александар Пејовски и Дарко Спасовски. Улогите ги толкуваат Димитрија Марковски, Антонија Белазелкоска и Владимир Тулиев.
Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Холишортс е еден од најважните фестивали за краток игран филм во САД. Проекциите се одржуваат во познатата киносала Chinese Theater.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
