Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Концерт на триото „Аура“ на Скопско летo

$
0
0
Вовед: 

Во рамки на манифестацијата  „Скопско лето 2017“ вечер во  Музејот на Град Скопје концерт ќе има триото „Аура“... 

Содржина: 

Триото го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски.

Тие работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје и имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки.

Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти во Македонија и во странство тие се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија.

Триото „Аура“ има долгогодишна и богата концертна активност, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Триото често промовира дела од македонски композитори, напишани специјално за нив.

Нивното заедничко камерно музицирање го карактеризира изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>