Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Владата го усвои предлогот за укинување на титулата национален уметник

$
0
0
Вовед: 

Владата на Република Македонија на синоќешната седница ја разгледала и усвоила информацијата за евалуацијата на проектите и програмите во Министерството за култура во првата половина од годинава при што е договорено Министерството за култура во рок од пет дена да побара вонредна ревизија од Државниот завод за ревизија.   

Содржина: 

Владината прес- служба соопшти дека усвоен е и Предлогот за измени и дополнувања на Законот за културата по скратена постапка. Со измените, како што се посочува, ќе биде заштитен Буџетот на РМ од штетните менаџерски договори на раководни лица во културните институции.

Владата го усвои и Предлогот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, којшто, како што се наведува во соопштението, предизвикува нерамноправен односи и третман на уметниците во Македонија.

На седницата усвоен е и Предлогот за именување и дополнување на законот за употреба на македонскиот јазик со којшто во Македонија се враќа постапката за стекнување лиценца за лектори, прекината во 2013 година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>