Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Горан Стојановски разрешен, Стрезо Стаматовски в.д. директор на Центарот за култура „Григор Прличев“

$
0
0
Вовед: 

Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид. За вршител на должноста директор во оваа национална установа е назначен актерот Стрезо Стаматовски. 

Содржина: 

Според наодите на инспекциските служби, како што информира Министерството за култура, како дел од причините за разрешувањето на досегашниот директор Стојановски е тоа што тој не го усогласил работењето согласно со законските одредби и Статутот на установата.

- Спротивно на Законот за култура, директорот не донел програма за работа на установата за 2016 и за 2017 година. Директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ не ги почитувал одлуките на Управниот одбор, конкретно за користење на службени мобилни телефони, како во однос на бројот на службени телефони, така и од аспект на надминување на дозволениот месечен максимум на трошоци утврден со одлуката. Спротивно на Законот за култура, директорот не спровел постапка за реаудиција за вработените уметници-актери, соопшти Министерството за култура.

Спротивно на Законот за работните односи, како што се наведува, нема воведено електронски систем за евиденција на работното време за вработените во установата. Министерството за култура потсетува дека именувањето на в.д. директори се прави со цел, како што се наведува, што побрзо ослободување на клучните институции, кои досега беа заробени од партиски кадри.

Министерството најавува и дека наскоро ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори.

- По исполнување на законските услови, низ целосно отворен и транспарентен процес, Министерството за култура ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување нови директори на националните установи, наведува Министерството за култура.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>