Од вечер, 7 август, до 12 август на Скопското Кале по десетти пат ќе се одржи традиционалната манифестација - Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2017“.
Поради јубилејниот роденден, фестивалот ќе трае шест дена, од понеделник до сабота. Покрај музиката, овој Пиволенд ќе биде посветен и на најважната споредна работа на светот ФУДБАЛОТ. Околу 100 видови пиво, музика и фудбал- одлична комбинација за незаборавно доживување по десетти пат на Скопското Кале.
На годинешниов Пиволенд посетителите ќе се забавуваат со Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, а по подолго време со концертен настап ќе ги видиме и САФ. Интересен настап ќе понудат и девојките од Tribute to Beyonce, а за љубителите на фудбалот на 7 и на 8 август, со оглед на тоа што во истовреме се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера.
Фестивалот е под покровителство на градот Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари.
Оваа година со одржувањето на Пиволенд всушност ќе започне и големата летна забава „СУПЕР СКОПЈЕ“, којашто ќе се одржи на повеќе локации низ градот Скопје. На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и на 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и на 2 септември на улица Македонија и на 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Притоа на сите овие 4 места, на 2 локации, секој петок и сабота во вечерните часови, жителите и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во добра летна забава.
Ретроспектива на Пиволенд - Како фестивалот се развиваше во најпрепознатливиот скопски бренд
Фестивалот кој стана препознатлив скопски бренд, својата приказна ја започна во 2008 година. Поминаа точно 10 години од првиот Пиволенд кој се одржа на Скопското Кале, а 60 000 посетители четири дена уживаа во дегустација на пиво и одличниот музички избор. Дел од македонските музички ѕвезди, токму на овој фестивал за првпат имаа можност да настапат пред огромна публика и да ја започнат својата успешна кариера.
https://www.youtube.com/watch?v=SpMBV152Bzw
Во 2009 година, фестивалот доживеа рекордна посетеност од 150 000 љубители на пивото и добрата забава. Беше прогласен за најмасовно посетен фестивал во Македонија, а посетителите се забавуваа со Дубиоза Колектив, Есма, Stereo Mc’s, Психомодо Поп и многу други.
https://www.youtube.com/watch?v=itOD5UWlyME
2010 година беше уште една успешна година за Пиволенд, а посетителите веќе двојно се зголемија. 300 000 посетители во пет фестивалски денови се забавуваа со Забрањено пушење, Рамбо Амадеус, Кошин, КУД Идијоти... Оваа година ќе се памети по енергичниот настап на Гоце Арнаудов кој направи нешто што никој досега не го направил- На едно место ги собра металците, раперите, трансерите, рокерите и сите во еден глас со него ги пееа неговите најголеми хитови.
https://www.youtube.com/watch?v=OxfZTAUcOcU
Во 2011 и 2012 година, поради масовната посетеност, фестивалот се префрли на паркингот кај салата „Борис Трајковски“. Покрај доброто пиво, одлична забава на посетителите им приредија Кирил Џајковски, Дарквуд Даб, Драм Н Зез, Филм, Хладно Пиво, Ритам Нереда, Фолтин, Нокаут и уште еден куп домашни и странски изведувачи.
https://www.youtube.com/watch?v=WYLFEOF4QrE
https://www.youtube.com/watch?v=j5oXKyQCvcQ
Иако и оваа локација се покажа како одлична, сепак Скопското Кале нуди една поинаква и уникатна атмосфера, па така во 2013 година, Пиволенд повторно се врати во своето „родно“ место. Оваа година ќе остане запаметена по дождот кој не прекина да паѓа пет фестивалски денови, па поради тоа, посетителите добија и бонус ден.
https://www.youtube.com/watch?v=solioADu1oQ
Фестивалот е под покровителство на градот Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари.
Бидејќи се работи за јубилеен роденден на Пиволенд, се подготвуваат голем број изненадувања.

