Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Прилепското КУД „Мирче Ацев“ концертно одбележа 70 години постоење

$
0
0
Вовед: 

На плоштадот „Александрија“ во Прилеп синоќа (сабота, 12 август) со концерт беа одбележани 70 години од постоењето на Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“ од Прилеп.

Содржина: 

- Веќе седум децении КУД „Мирче Ацев“ е македонски и прилепски фолклорен амбасадор, промовирајќи го во земјата и во странство македонскиот фолклор и традиција. Неговите почетоци се во април 1947 година, а во досегашното постоење илјадниците играорци, кои биле дел од друштвото одржале повеќе од 3.500 концерти, не само во Прилеп и Македонија, туку и во странство. Ансамблот, кој работи под раководство на Атанас Гагалески, гостувал речиси на сите континенти во светот, соопшти Општина Прилеп.

 

Гости на концертот беа членовите од КУД „Змај“ од градот Ириг, Србија.

- Денеска прославуваме 70 години постоење на КУД „Мирче Ацев“. Им благодарам на сите поранешни членови кои придонесоа за ова друштво да биде познато на сите континенти. Задоволство ми е што гости ни се и КУД „Змај“ од градот Ириг од Србија со кои соработуваме неколку години, изјави Гагалески. 

Зоран Митиќ, претседател на КУД „Змај“, исто така истакна дека им е големо задоволство да присуствуваат на концертот и одбележувањето на јубилејот и, како што рече, да го посетат преубавиот град Прилеп.

- КУД „Змај“ постои 150 години и се надевам дека оваа соработка со КУД „Мирче Ацев“ ќе трае уште многу години, рече Митиќ.

На настанот присуствуваа и градоначалниците од Ириг и Прилеп,  Стефан Казимировиќ и Марјан Ристески кои, исто така, очекуваат дека соработката меѓу двете играорни друштва ќе прерасне и во трајно пријателство меѓу двете општини.

КУД „Мирче Ацев“ има освоено голем број награди во повеќе држави, а добитник е и на признанието „3 Ноември“ на градот Прилеп за негување на македонскиот фолклор

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>