Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Букви за уживање“ инсталација на македонски автори на „Сигет“

$
0
0
Вовед: 

Архитектката Марија Христовска-Стевковска и ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ со архитектонско-скулптурална инсталација „Pleasure letters“ (Букви за уживање) учествуваат на 25-тиот музички фестивал „Сигет“ во Будимпешта, кој се одржува од 9-ти до 16 август.

Содржина: 

Инсталацијата е дел од програмата на фестивалот „Art of Freedom“ која им овозмоува на младите креативци да ги презентираат своите идеи и таленти.  

- Инсталацијата функционира и како уметничко дело, и како дел од забавните содржини на фестивалот. Таа претставува собиралиште на посетителите и вклучува различни содржини. Иницијалната идеја произлегува од користењето/играњето со буквите од името на фестивалот. Секоја буква е пресоздадена во објект/простор за различни активности: одмор, дружење, интерактивно фотографирање, игра итн. Изработени се шест објекти со вкупна должина од 25 метри. Изработени се од различни материјали: метал, дрво, пластика, дигитални отпечатоци со цел да одговараат на различни намени, изјави Јовановиќ. 

Проектот на Христовска-Стевковска и Јовановиќ во февруари беше избран на конкурсот на фестивалот „Сигет“. Авторите неколку месеци ги изработуваа буквите-објекти во Скопје и Охрид, со поддршка на „Урбана оаза“ - фирма специјализирана за изработки од метал,  „Форма“ - фирма за изработка на мебел, и на ПроМедиа - студио за печатење и графички услуги. 

Музичкиот фестивал „Сигет“ минатата година имал околу половина милион посетители, а годинава главни ѕвезди на музичката програма се PJ Harvey, Rudimental, The Klips... Изминатите години и македонски музичари учествувале на фестивалот, а ова е првпат македонски визуелни автори да добијат можност да се претстават во рамки на ликовната програма.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles